13 светски плажи со кристално чиста вода
Што сѐ би дале за одморот од соништата да ви биде на долга, бела, песочна плажа и море или океан со кристално чиста вода? Да можете да го видите речиси секое камче и зрно песок во длабочината. Вода како недопрена од никој друг и создадена само за вас.
Дозволете си вистинско природно спа уживање во солена чиста вода, природно сонце и мазни камчиња кои ви овозможуваат релаксирачка масажа.
Непливачите може да отпловат со глисер или бротче во далечните длабочини и благодарение на кристално чистата вода да можат и без да влезат во неа, да видат и да го запознаат водниот свет.
Ваквите плажи ги има на различни краишта во светот, но ваше е да одберете дали ќе патувате близу и евтино или далеку и малку полуксузно.
Која опција и да ја одберете, плажи со азурно сина вода со сигурност ќе пронајдете на овие 13 места:
Cala Macarelleta, Menorca, Шпанија
Bodrum, Турција
Corfu, Грција
Wakatobi, Индонезија
Dog Island, San Blas, Панама
Cayo Coco, Куба
Los Roques, Венецуела
Calanque d'En-Vau, Франција
Koh Phi Phi Don, Тајланд
Navagio Bay, Грција
Plitvice, Хрватска
Црвеното море
Cayos Cochinos, Хондурас