Најубавата плажа во Европа

Плажата скриена под ѕидините на живописниот велшки брег Тенби е прогласена за најубава плажа во Европа, надминувајќи ја конкуренцијата од Португалија, Хрватска и Италија.

najubavata-plaza-vo-evropa-01

Квалитетот на водата, убавата околина и мислењето на посетителите на плажата Харбор во Тенби (Пемброкшир) ѝ го донеле првото место во Европа, соопштила туристичката организација „European Best Destination“.

Тенби, на околу 140 километри од Кардиф (Велс) е стар средновековен град заобиколен со ѕидови и има 3 песочни плажи, долги 4 километри.

Минатата година Тенби ја освоил наградата „British Travel Awards“ во категоријата најдобри британски приморски летувалишта.

Праја де Кова, на јужниот брег на Португалија и Златни Рат на јужниот брег од островот Брач, го освоиле второто и третото место на листата од 15 најубави плажи во Европа.

Плажата Изола Бела во Таормини (Сицилија) го заземала четвртото место.

Исто така и некои други плажи во Италија и Шпанија се нашле на листата, а покрај нив и плажите во Франција, Кипар, Грција, Шкотска и Германија.

Плажата Бара на островот Бара (Шкотска) се наоѓа на последното петнаесетто место.

Западниот дел на островот може да се пофали со бели песочни плажи полни со школки, плодно околно земјиште, но и карпести делови.

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg