Градови во кои вреди да се изгубите
За време на туристичките прошетки понекогаш едноставно треба да ја оставите мапата и да се препуштите на ритамот на градот, улиците, луѓето и интересните места. Тоа ќе ви овозможи да го доживеете вистински градот и да го почувствувате неговиот дух.
Некои градови се како измислени за да се изгубите. Понекогаш може да ги заведат и најискусните патници.
Бостон
Распоредот на улиците во овој град е слика на вистински американски дух што го прави многу шармантен и совршен за лутање. Некои улички немаат никаква поврзаност и распоред, па знаат да ве збунат, но и да ви откријат нешто интересно.
Венеција
Канали, мостови, сокачиња, улички...Венеција е едно од најпознатите и најубавите места на кое може да се изгубите. Всушност колку и да сакате да се изгубите вистински, нема да успеете, бидејќи на која страна и да тргнете ве води или до главниот плоштад Сан Марко или до познатиот мост Риалто. Но авантурата е прекрасно.
Токио
Град кој навистина може да ве збуни. Брзо темпо, многу светла, впечатливи глетки и многу работи кои ви го одвлекуваат вниманието од патот по кој сте тргнале. Јапонскиот начин на адресирање е специфичен, па може да се изгубите дури и ако сте родени таму. Сепак, необично е да ја запознаете убавата страна нa Токио.
Маракеш
Град со лавиринт од стари улици, гласни и натрупани пазари и многу непознати места и чудни луѓе. Но, ако се изгубите ќе доживеете неверојатна авантура и ќе уживате во уникатната уметност и архитектура.
Амстердам
Амстердам е многу сличен и многу различен од Венеција, па слободно може да се изгубите одејќи пеш или возејќи велосипед и да уживате откривајќи ги неговите скриени убавини во непознатите улички.