Тајни ресторани во Париз кои вредат да бидат разоткриени
Никогаш не би помислиле дека во овие места во Париз се кријат ресторани и тоа не било какви туку ресторани кои нудат одлична услуга и вкусна храна.
Парижаните веројатно обожаваат тајни и ги оставаат туристите сами да ги откријат рестораните, па доколку одите во градот на светлината отворете ги очите бидејќи можеби пред вас се наоѓа некој таен ресторан.
Не пропуштајте да ги посетите засега овие 5 ресторани чувани во строга тајност:
1. L’Etage de Pastavino
Најдобро чувана тајна е токму овој ресторан кој се наоѓа на улицата Св. Гермаин. Кога ќе поминете покрај објектот во кој се чува оваа тајна прво што ќе забележите е обична секојдневна италијанска продавница за сендвичи во која ништо не се случува. Но, во самиот заден дел од продавницата има две црни табли кои упатуваат токму кон ресторанот, а се едвај забележливи. Над нив се наоѓаат скали и во горниот кат постои прекрасен ресторан со вкусна храна и одлична џез музика.
2. La Maison des Frigos
На вечера со уметниците во напуштената фабрика за ориз. Овој објект се наоѓа токму во самата фабрика која е веќе 100 години напуштена и веројатно никогаш не би тргнале наваму ако не знаете дека тука постои одличен ресторан кој го посетуваат уметниците. Овој ресторан нуди прекрасен избор на храна со богато мени кое го подготвува јапонскиот сопственик Марико.
3. Le Foyer de la Madeleine
Повеќето парижани воопшто не ни знаат дека се крие ресторан во спомен обележјето на Наполеон. До овој ресторан се стигнува преку мала скриена врата од црквата зад маркетот за цвеќиња. Она што е специфично за ова место е тоа што ако сте член воопшто не плаќате, но за останатите целосен ручек вклучувајќи предјадење, главно јадење и десерт би ве чинел 10 евра.
4. Chez Louisette
Овој ресторан ќе ве врати назад во времето во далечната 1930та, а дури и луѓето кои седат добиваат карактер на старите парижани. Тоа е така поради атмосферата, музиката, но и изгледот на самиот локал. Ако сакате со еден збор да го опишете овој ресторан тогаш тој е сигурно драматичен. Ќе се чувствувате како да се наоѓате во стар париски филм. Инаку, овој таен ресторан се наоѓа низ уличките во најпознатото пазарче на Париз.
5. Café A
Овој ресторан е можеби најчуваната тајна од страна на парижаните и голема е веројатноста дека тие не сакаат да го делат со туристите. Ресторанот е скриен во галерија, односно музеј од 10тиот век посветен на архитектурата. Откако ќе го разгледате музејот, добро концентрирајте се и ќе пронајдете убаво среден двор со неколку маси за седење. Во текот на викендите се организира мини кино, но и мали концерти. Одлично за мирна ноќ со богата храна.