Вашата следна дестинација: Портофино, Италија
Сега е вистинското време да побегнете од секојдневието и да уживате во убавините на слаткиот живот, или како што тие би рекле „dolce vita!“
На помалку од 40km од Џенова, Портофино е сокриен во националниот парк со неверојатно бистра вода. Некогаш важело за рибарско село, но во 1950 година започна неговата популаризација.
Денес, Портофино е синоним за италијанскиот гламур, преполн со луксузни вили во сопственост на Армани и Долче и Габана.
Непосредно пред почетокот на летото не пропуштајте да го посетите овој италијански природен бисер, затоа што во шпицот на сезоната цените се вртоглаво високи.
Кога еднаш ќе отпатувате таму, морате да ги обиколите некогашните рибарски колиби кои сега се претворени во ексклузивни бутици, но мора и да испловите по водите по заоѓањето на сонцето.
Не бидете мрзеливи, шетајте низ прекрасните градини, а не ја пропуштајте ниту посетата на San Fruttuoso, до која можете да стигнете со брод или пешки.
Тука ќе пронајдете црква која датира од 7 век и ќе имате извонредна можност за вкусен ручек на терасата на ресторанот „ Da Giovanni.“
Ако немате можност да престојувате во него, задолжително барем разгледајте го „Belmond Hotel Splendido,” кој е еден од најдобрите во цела Италија.
Вечерајте во ресторанот „Liguria“ ако сте љубители на песто и фокача, а во „Chuflay” доколку планирате романтична вечера со домашни специјалитети.
Не заборавајте да понесете пакување песто сос за дома!