Пред да направите резервација за вашиот одмор, поставете си ги овие прашања

Понекогаш наместо нас, возбудата и нестрпливоста се тие кои резервираат и одбираат дестинација.

pred-da-napravite-rezervacija-za-vasiot-odmor-postavete-si-gi-ovie-prashanja-01

Нема ништо лошо во тоа, бидејќи цела година го чекаме летниот одмор за да можеме барем малку да се отргнеме од секојдневието и да се препуштиме на релаксирање.

Доколку веќе со мислите сте на некоја далечна плажа, поставете си ги овие прашања пред да резервирате:

1. Колку пари планирам да потрошам?

Пред да резервирате испланирајте го убаво вашиот буџет. Имајте ги во предвид сите скриени трошоци кои ги имаат агенциите, хотелите и раководете се според вашиот план. 

2. Во кој период најмногу ќе заштедам?

Доколку не планирате преголем луксуз, одбирајте ги термините кои се надвор од сезоната. Избегнувајте да одите во периодот од 15 јули до 15 август и секогаш резервирајте неколку месеци однапред. 

3. Кое превозно средство да го искористам? 

Размислете која опција ви е поевтина. Не морате секогаш да одите со автомобил доколку автобускиот превоз е поекономичен. Некогаш и авионскиот превоз би ве чинел помалку од другите типови на превозни средства. Разгледајте повеќе опции во зависност од дестинацијата. 

4. Дали да изнајмиме автомобил?

Ако планирате да изнајмувате автомобил во текот на летниот одмор однапред издвоите дел од буџетот за таа намена. Доколку сакате да го прошетате регионот во кој сте сместени, изнајмувањето на автомобил може да биде одлична идеја. 

5. Како да заштедам на храна?

Доколку не сакате да си го потрошите сиот буџет на храна, секогаш можете да си понесете нешто за брзо готвење од дома. Собата со кујна можеби ви се чини поскапа, но ќе ве чини помалку од јадење по ресторани. 

Не морате да потрошите многу пари за да имате убав одмор со вашите пријатели и семејство.

Зошто целата вашата заштеда да ја потрошите само на еден одмор? Испланирајте го добро буџетот и патувајте повеќе пати во текот на едно лето. 

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg