25 градови кои мора да ги посетите во животот
По мислењето на стручни лица и туристите на Trip Advisor, составена е оваа топ листа на 25 најдобри градови чија магија вреди да ја доживеете.
Не можете ни да претпоставите кој град се најде на првото место.
25. Сан Франциско - Градот кој најдобро ја пренесува етничката и културна разлика во границите на САД. Кога веќе сте таму, погрижете се да појадувате во Mama’s пред да продолжите со разгледувањето.
24. Чианг Маи, Тајланд - Далеку позелен и потивок град од сите останати во Тајланд, со неверојатно прекрасни глетки кон околните убавини.
23. Лисабон, Португалија - Можеби единствениот град во светот каде древната култура и архитектура се мешаат со неверојатно луксузните песочни плажи.
22. Сиднеј, Австралија - Луксузните плажи, пријатната клима, природните убавини кои доминираат и бурниот ноќен живот го прават Сиднеј незаборавна дестинација.
21. Будимпешта, Унгарија - Покрај извонредната архитектура која ве враќа назад во времето, Будимпешта е одлична за посета во пролет, кога локалните бањи се места кои мора да ги посетите.
20. Бангкок, Тајланд - Прекрасна будистичка престолнина која изобилува со богат ноќен живот и пониски цени од вообичаеното.
19. Кејп Таун, Јужна Африка - Уникатно бегство од секојдневието кое ви нуди прекрасен контраст од песочни плажи на едната и огромни планини на другата страна од градот.
18. Чикаго, САД - Домот на блузот и џезот, првиот облакодер во светот и уште многу прекрасни клубови, ресторани, кафулиња.
17. Дубаи, Обединетите Арапски Емирати - Ако сте љубители на футуристичките метрополи, Дубаи е онаа која не смее да ја припуштите. Познат е по своите пространи песочни плажи и егзотичните островчиња во нивна близина.
16. Санкт Петербург, Русија - За разлика од Москва, тука се чувствува Европскиот дух и изглед. Покрај тоа, во овој град ќе пронајдете извонредна уметност и спектакуларен ноќен живот.
15. Барселона, Шпанија - Тесните улички и одлично стилизираните дами му даваат посебен шарм на овој град, додека на самиот брег ќе сретнете раскош од ресорти и шпански вили.
14. Буенос Аирес, Аргентина - Тука ќе ја почувствувате латинската страст, заедно со кафето кое полека го испивате во локалните барови и кафулиња.
Уште 13 градови на следната страна...