25 градови кои мора да ги посетите во животот
13. Фиренца, Италија - Ренесансен град каде се собрани сите музеи, галерии, катедрали, цркви и продавници кои буквално ќе ви го одземат здивот.
12. Њујорк, САД - Без оглед на тоа дали ги разгледувате огромните облакодери, чекорите по уличките на Централ Парк или пак размислувате каде да ја пробате највкусната пица, Њујорк има што да понуди.
11. Берлин, Германија - Вечна класика која мора да ја посетите. Задолжително истражете го и подземјето ако сакате да пронајдете ноќен живот кој никогаш не престанува.
10. Шангај, Кина - Миксот на модерната и кинеската култура создава една посебна целина во Шангај, надополнета со топло гостопримство и необични локали.
9. Сием Реап, Камбоџа - И покрај тоа што е релативно нова туристичка дестинација, тука се наоѓаат најголемите храмови и религиски споменици во светот. Идеална релаксација од гужвата и урбаниот стил на живеење.
8. Ханој, Виетнам - Градот кој нуди фантастичен спој на традиционалната виетнамска култура и францускиот стил на живеење.
7. Париз, Франција - Уште една романтична класика чија магија вреди да ја доживеете. Само една недела е доволна да го впиете парискиот начин на живот, вкус, мода...
6. Маракеш, Мароко - Шарените чаршии и традиционалните палати се она што на прв поглед ги привлекуваат туристите ширум светот, каде буквално во воздухот ќе го почувствувате мароканскиот начин на живот.
5. Прага, Чешка - Со идеален баланс помеѓу старата и модерна убавина, Прага важи за еден од најголемите политички, културни и економски центри во Европа.
4. Пекинг, Кина - Со историја стара повеќе од 3.000 години, овој град е дом на најважните споменици во Кина, вклучувајќи го и Кинескиот ѕид.
3. Лондон, Англија - Во него ќе пронајдете уметност, храна и забава од сите страни на светот, со над 300 различни јазици кои се зборуваат тука.
2. Рим, Италија - Модерната уметност и уличните кафулиња се негови главни карактеристики кои го одбележуваат повеќе стотици години, па токму затоа се вредни за доживување.
1. Истанбул, Турција - Град познат по својата античка архитектура, вкусна храна, силно црно кафе и шарени пазари. Луксузните турски бањи пак, се идеален завршеток на ова прекрасно патување.
Како стоите? Колку сте посетиле, а колку ви преостануваат да посетите?