Каде може да отпатувате со најскапата карта за воз?
Британската туристичка агенција Great Rail Journeys го држи рекордот за најскапа карта и најдолгото патување со воз во светот. Најновата понуда е за пат кој трае 53 дена и се поминуваат 3 континенти.
За да се возат со прва класа туристите мора да издвојат $36.500 долари. Патувањето започнува на 18. мај 2015 година.
Покрај сè, патниците ќе летаат и со авион до Њујорк, а потоа ќе поминат 20 дена патувајќи по Северна Америка.
После Големиот Кањон, Лос Анџелес и Сан Франциско, ќе слетаат во Шангај, а потоа и до Пекинг, Монголија и Русија.
Оттаму ќе стигнат во Европа, каде ќе го продолжат своето патување по Варшава, Прага, Виена и Венеција, за на крај да се вратат во Лондон.
За ова ексклузивно патување веќе се продадени првите карти. Со оглед на големиот број заинтересирани, одлучено е бројот на патници да биде ограничен на 25 патници, за да се задржи оригиналноста и привилегијата да се биде дел од првото најдолго, најскапо и најдалечно патување со воз.