Недопрената убавина на Ибица: 4 места кои вреди да ги откриете
Ибица, островот на беспрекорните плажи и деноноќни забави, крие недопрени убавини кои само упорните авантуристи имаат можност да ги откријат.
Ако ова лето Ибица е вашата дестинација од соништата, еве кои места вреди да ги посетите, а веројатно нема да ги пронајдете во ниту еден туристички проспект:
San Juan
Мирно село на северната страна на Ибица е еден од неколкуте скриени дестинации кои треба да ги имате во план. Опкружен со брда и борова шума, овој мирен рурален рај дефинитивно е спротивно од она што сте го очекувале.
Мал селски маркет, мноштво симпатични кафулиња и традиционални ресторани е она што ќе ве воодушеви доколку решите да залутате во овој крај.
Cala Salada
Само неколку минути возење од San Antonio се доволни за да ја откриете Cala Salada, плажата на која нема да пронајдете огромен број на луѓе и гласна музика.
Кристално сината вода овде е многу поспецифична од секоја останата плажа на Ибица, а рајскиот одмор без голема гужва ќе ви дојде како одлично освежување.
Cala Martina
Сите љубители на нуркањето би требало да го посетат ова место, затоа што токму Cala Martina се смета како една од најдобрите нуркачки дестинации во светот.
На кратка оддалеченост од градот El Cana, оваа плажа исто така не е преполна со туристи. Се што ќе најдете тука е нуркачка и сурферска школа и неколку одлични ресторанчиња со посебен шарм.
Es Vedra и Es Vedranell
Овие места се збир на целата недопрена убавина на Ибица. Всушност, ова се два диви, карпести острови на југозападната страна на Ибица каде сите љубители на дивината ќе го пронајдат она што го бараат.