Петте најфотографирани градови во светот (фото)

Патувањата се едни од најубавите доживувања и најубави спомени за секого. Сето она што можеме да го видиме, почувствуваме и откриеме за другите земји, останува во нашите мисли и на нашите фотографии. Фотоапаратот е задолжителен на секое патување.

pette-najfotografirani-gradovi-vo-svetot-foto-01

Секој би сакал да се фотографира на некои од најзначајните места во градовите, како доказ и убаво сеќавање.

Понекогаш сакате да го запрете моментот и токму она што го гледате со вашите очи, истото да може засекогаш да остане во некоја рамка или албум на убави спомени.

Меѓу најпознатите туристички места во светот се издвојуваат 5 градови кои се најфотографирани.

1. Њујорк

„Големото јаболко“, градот кој никогаш не спие, Тime Square – местото со најголем метеж и најмногу светлечки реклами, Петтата авенија, улицата Менхетен, највисоката Empire State Building и преубавиот Central Park се само дел од најпопуларните и најфотографираните места  во Њујорк.


2. Рим

Градот до кој сите патишта водат. Италијанскиот шарм, историските приказни и легенди, Римскиот Колосеум, светиот Ватикан, многубројните плоштади, фонтаната на среќата, Шпанските скали, малите сокачиња и италијански кафулиња ја даваат душата на овој град, привлекуваат туристи и сведочат на илјадници фотографии.


3. Барселона

Градот на Гауди со најинтересна и специфична архитектура, големата катедрала Sagrada Familia, паркот на Гауди, магичните шарени фонтани и уште многу скриени места кои може да ги пронајдете и да посакате да ги овековечите на некоја фотографија.


4. Париз

Град на светлината, град на љубовта. За многумина најромантичното место со најубавото зајдисонце од врвот на Ајфеловата Кула, прошетките на Шанз-Елизе, Триумфалната капија, париските кафулиња за романтичен појадок од кроасан и кафе, ноќното крстарење по реката Сена, големите музеи во близина, уличните сликари и малите панаѓури исполнети со туристи се местата кои засекогаш ви остануваат врежани.


Истанбул

Петтиот најфотографиран град во светот е Истанбул во Турција кој е специфичен со самото тоа што има свој европски и азиски дел. Комбинација од ориентална култура и обичаи различни од оние кои се покомерцијални и повообичаени. Но, со тоа уште повеќе ја зголемува својата атрактвност. Глетката на Босфор, ориенталниот пазар, многуте чајџилници, интересната архитектура и многу други интересни детали ќе направат да се вљубите во овој град.

Од кој град вие имате најмногу фотографии?

Би можело да ве интересира:

Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
5 најбезбедни европски градови (совршени за жени кои патуваат сами) Иако Италија е романтична дестинација, сепак, е одлично место и за сам...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg