Прошетајте низ единствениот хотел со 7 ѕвезди во Абу Даби

Гостите во овој хотел со 7 ѕвезди имаат кралски третман, буквално. Изграден во 2005 година, Emirates Palace хотелот е единствениот во овој регион кој е финансиран од кралското семејство Al Nahyan.

prosetajte-niz-edinstveniot-hotel-so-7-zvezdi-vo-abu-dabi-01

Цената на ноќевање се движи од 470 долари па нагоре, а доколку гостите имаат „вишок“ пари во џебот можат да си изнајмат возило Maybach кое чини 500 долари. Оваа играчка доаѓа во комплет со возач кој ви е на целосно располагање.

Хотелот е толку голем што можете да се чувствувате сами во секој момент кога тоа ви е неопходно.

Најголем дел од парите вложени во Emirates Palace се наменети за декорирање со златни и позлатени детали, Сваровски кристали и врвен мермер.

Приватните трпезарии во собите може да соберат 12 луѓе, мебелот е целосно изработен од свила, а терасите нудат поглед на Абу Даби и ви даваат чувство дека сте отпатувале во иднината.

Покрај тоа, гостите на располагање имаат приватно кино, библиотека, спа центар, приватни салони за разубавување и уште голем број на луксузни желби.

Би можело да ве интересира:

Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg