Прошетајте низ „Светот на Coca-Cola“ (фото)

„Светот на Coca-Cola“ е музеј во Атланта, САД каде се слави историјата и културата на еден од светски омилените пијалаци.

prosetajte-niz-svetot-na-coca-cola-foto-01

Во Атланта е претставена пред 125 години кога најпрво била продавана во чаша за 5 центи која се полнела од фонтани за сода кои тогаш биле популарни.

После неколку години Coca-Cola била основана како бренд зад кој стоел голема компанија. После 50-годишнината од нејзиното постоење била прогласена за национална икона во САД.

Оригиналниот „Свет на Coca-Cola“ се наоѓал во срцето на Атланта и бил отворен во 1991 година, цели 16 години, после кои бил затворен за да се обнови и прошири, бидејќи од компанијата на Coca - Cola сакале вистинска атракција од затворен тип.

Новиот музеј повторно е отворен за јавноста на 24 мај 2007 година.

„Светот на Coca-Cola“ е забавно и интерактивно доживување во кое може да се истражува и открива за почетоците на Coca-Cola од нејзиниот дизајн, изглед, вкус, реклами, написи во весници, заштитни логоа и ликови.

Сето тоа е придружено и дополнето со видеа, звуци и филм. Просечно една тура низ овој музеј трае околу 90 минути, но посетителите најчесто остануваат околу 2 часа.

Внатре има можност дури и за интеракција со некои од заштитните карактери на Coca-Cola како поларната бела мечка, може да го гледате патот на производството на овој неодолив пијалак и да пробате дури 60 различни вкусови на Coca-Cola од различни краеви низ светот каде што се произведува.

Уште една вистинска атракција во „Светот на Coca-Cola“ е вежбата со „Вистинската тајна формула“ која е интерактивна и ги учи посетителите за богатата историја, митологија и интригите околу тајната формула на Coca-Cola.

Всушност, таа е добро заштитена и чувана од страна на музејот и она што најмногу ќе го откријат посетителите е само најблиското нешто до вистинската.

Овој музеј има и голема продавница каде може да ги купите сите видови сувенири на Coca-Cola. Задолжителна дестинација за сите вистински љубители на овој пијалак.

Прошетајте преку фотографии низ „Светот на Coca-Cola“

Би можело да ве интересира:

Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg