10 светски метрополи со најубав новогодишен дочек
Доброто расположение, конфети, шампањ и одбројување се чини доволно за фин дочек на Нова година. Но, некои светски градови навистина нудат големо славење, незаборавни моменти, импресивен огномет и неверојатна забава.
Всушност тоа е причината поради која бројни туристи штедат во текот на целата година, само за една ноќ да поминат во некоја од светските градови кои знаат на вистински начин да зачекорат во новата година.
Доколку стандардните кафулиња во вашиот град решите да ги замените со спектакуларен дочек во некоја од светските метрополи, ви ги нудиме некои од највеличенствените кои сигурно ќе ве воодушеват и за кои вреди да потрошите и малку повеќе од вообичаено.
1. Амстердам
Во престолнината на Холандија за Нова Година славењето е со шампањ, крофни со јаболка и грозје, многу огномети кои официјално се продаваат ден пред новогодишната вечер.
После полноќ улиците и баровите од кои повеќето се отвораат дури на полноќ, наеднаш се преполнуваат со луѓе кои слават. Доколку сте во Амстердам места кои не смеете да ги пропуштите се Nieuwmarkt и плоштадот Dam.
2. Барселона
Типично во шпански стил, прославата почнува подоцна од очекуваното. На полноќ традиција е да се изедат 12 зрна грозје пред да почне прославата. Plaça de Catalunya и Las Ramblas се најважните локации со илјадници луѓе кои се забавуваат.
Овде можете исто така да одите и до некое кафуле или бар, па дури и на плажа за да продолжите со славењето. Што може да биде подобро од гледање на зајдисонцето за Нова година?
3. Берлин
Берлинците имаат посебна страст кога се работи за петардите и ракетите кои често ги лансираат од сопствените прозори и тераси. Ова го прави Берлин многу живописно место во новогодишната ноќ.
Илјадници луѓе ја дочекуваат Нова година кај Бранденбуршката порта, а има многу и во паркот „Викторија“ во Кројцберг, од каде се гледаат огнометите ширум градот.
4. Будимпешта
Атмосферата во Будимпешта за време на најлудата ноќ е навистина жива. Маса луѓе се собира на главните плоштади за да го дочека полноќ. Штом чукне последниот час од старата година се свири унгарската химна и насекаде се точи шампањ, се слави со здравици, бакнежи и огномети.
На плоштадот прославата трае цели 3 дена од 30. декември до 1. јануари. Јавниот превоз за време на прославата е организиран во текот на целата тридневна прослава.
5. Истанбул
На кое друго место во светот можете да ја дочекате Нова година на два континента истовремено? Без разлика дали прославувате на европската или азиската страна, ќе си поминете феноменално.
Илјадници луѓе се собираат на плоштадот Таксим и на улицата Истиклал, каде константното свирење на возачите само ја подобруваат празничната атмосфера. Како алтернатива може да ја посетите улицата Нисантаси која е преполна со декорации и во која се делат ќебапи на сите страни.
6. Лондон
Оние кои ќе одлучат Нова година да ја дочекаат покрај реката Темза и на лондонските улици, може да присуствуваат на спектакуларен огномет со мирис на јагода и светлосно шоу. Целата новогодишна програма може да се следи на големи екрани пред парламентот.
7. Њујорк
Ова е град кој стана синоним за место во кое е гарантирана добрата забава за време на дочекот на Нова година. Милиони луѓе од целиот свет доаѓаат за да го видат традиционалното спуштање на прочуената светлосна топка, но и за да уживаат во пиротехничкиот спектакл.
8. Рио де Жанеиро
Плажата Ревелион во Рио де Жанеиро во Бразил важи за едно од најдобрите места во светот за дочек на Нова година. Имено, во текот на прославата по должина на плажата се поставени огромни бини, а посетителите уживаат во музиката и традиционалните танци. На плажата доаѓаат облечени во бело, бидејќи Бразилците сметаат дека е боја која носи среќа, пијат шампањ, играат самба, а кога часот отчукува полноќ над океанот почнува вистински огнометен спектакл.
9. Единбург
Доколку една ноќ славење не ви е доволна, тогаш посетете го Единбург во Шкотска. Таму славењето на Нова година трае 4 дена, а кулминира со преубав огномет над дворецот Единбург. Овој град нуди добри концерти, традиционални танци и добра забава.
10. Виена
Ако сакате да заиграте во некој дворец, тогаш изберете ја Виена. По повод Нова година таму се организира голем бал во палатата Хофбург, уживање со класична музика, балет и неодолива храна. На полноќ следи огномет и традиционален валцер.