Топ 10 зимски празнични дестинации (фото)

Зимата прави посебна снежна магија која може да ја искористите на некои светски познати дестинации кои ќе ве воодушеват со својата убавина.

top-10-zimski-praznini-destinacii-foto-01

За вистинските љубители на патувањата и оние кои може да си дозволат подалечни дестинации има супер предлози. Места кои ќе ве импресионираат и само ќе ја дополнат празничната атмосфера .

1. Во Аспен, Колорадо, може да одите на скијање, а вечерта да ја поминете во фасцинантната Wheeler Opera House каде се одржува и Аспенскиот филмски фестивал со многу познати холивудски ѕвезди.

2. Мало скијачко одморалиште во Бакиера, Шпанија лоцирано во Val d`Aran во Каталонија, на шпанските Пиринеи. Благодарение на 100 км долгата патека, погодно е за скијање и на почетници и на професионалци.

3. Кортина е место на прекрасните Доломити, каде се наоѓаат најмодерните одморалишта во Италија. Има и фантастични ресторани со одличната италијанска храна.

4. Корчевел во Франција е место со најголема површина за скијање во светот, а при тоа има и 3 луксузни хотели, поради што важи за монденски ски – центар.

5. Скијање, санкање, лизгање и снежна тура во планина ви се нуди на езерото Тахо во Калифорнија. Ако тоа не ви е доволно за забава, може да го посетите и тамошното казино.

6. Лех и Зурс во Арлберг регионот во Австрија изобилува со ски патеки на кои може да уживате во скијањето. Подоцна може да ги искусите и одличните ресторани и понудите на одморалиштето St. Anton.

7. Во Квебек, Канада може да го доживеете вистинскиот див дух и да уживате во архитектурата на хотелот од 1893 година која е магична и има над 600 соби за сместување. Околу се наоѓаат едни од најголемите скијачки одморалишта каде пејзажите го одземаат здивот.

8. Покрај сите ексклузивни ски - одморалишта низ светот, Сент Мориц во Швајцарија е вистински рај за луксузен одмор и релаксирана атмосфера.

9. Посетете го празничниот Вермонт фестивал каде децата уживаат во работилницата на Дедо Мраз. Може да уживате и во скијањето и во прошетката низ градот.

10. Ако сакате да избегате од популарниот туризам, Зермат, Швајцарија е вистинското место за вас. Се стигнува само со воз и претставува едно од најшармантните зимски одморалишта во светот.

Погледнете ја галеријата со сите овие зимски места

Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg