Како изгледа Венеција под вода? (фото)
Најромантичниот италијански град, за жал, постојано тоне и е подложен на климатските влијанија и честите поплави.
Секоја година од средината на октомври до почетокот на декември во Венеција се случува феноменот „acqua alta“ или „висока вода“, кога поради гравитацијата на Месечината, топлиот ветер кој дува од Медитеранот и водата од Јадранското Море, се собира во Венецијанската лагуна.
Кога се случува овој феномен, околу 3 до 4 часа водата со која е поплавена Венеција е на највисоко ниво, а штом се повлече водата -се враќа сè во нормала.
Погледнете како изгледа Венеција под вода и како се одвива секојдневниот живот на тамошните луѓе за време на феноменот „alta acqua“.