Мини Венеција во центарот на Лас Вегас
Овој луксузен и гламурозен хотел во стилот на прекрасната Венеција чини цели 1,6 милијарди долари, па не е ни чудо што е прогласен за еден од најелитните во овој регион.
Намерата на архитектот кој го проектирал овој хотел била тој да биде единствен, па идејата му завршила доста славно и исплатливо.
Патувал неколку пати во Венеција пред да започне со неговото осмислување и мора да признаеме дека внимавал на секој можен детал.
Во состав на Хотел Венетиан влегува едно огромно казино и најголемата соба за покер во Лас Вегас.
Во рестораните и кафулињата во овој хотел се служат италијански колачи и тестенини, италијански специфични кафиња, а од еден до друг дел на овој грандиозен хотел можете да пристигнете само по воден пат.