Безбедно качување на висина од 650 метри и фасцинантна глетка (фото)
За сите кои сакаат да доживеат прекрасна глетка од височина а се плашат да се качуваат по карпи кои немаат одредени патеки, ова е вистинското место.
Масивна карпа „Ел пењон де Гуатапе“ во Колумбија која се издигнува на 602 метри надморска височина, претставува вистинско доживување.
Првите луѓе кои се качиле на оваа карпа уште во 1954 година биле група пријатели кои ја искачувале цели 5 дена, но вредело за фасцинантните глетки од нејзиниот врв. Многу скоро карпата станала вистинска туристичка атракција.
Подоцна била изградена патека за искачување, а во 1970 година била заградена и дополнета со скали со чија помош може сите да се искачат и да стигнат до врвот од каде може да уживаат во глетката.
Денес може да се искачите за 2 долари со помош на водичи, бидејќи веќе се смета за национално обележје.
На врвот има и видиковец со продавница за сувенири, каде може да купите и некои религиозни предмети.