Би преноќиле во овој музички хотел? (фото)
Сместен точно над реката Шпрее, хотелот „NHow“ се наоѓа во срцето на Берлин. Дизајниран е од старана на архитектот Сергеј Чобан и дизајнерот Карим Рашид, кои ја пронашле формулата меѓу совршената модерна архитектура која се вклопува во околината на Берлин и луксузниот колоритен ентериер.
Изобилува со ексклузивни простории за уживање во квалитетна музика, места за инспирација, па дури и висококвалитетно студио во кое познатите музичари можат да ги компонираат и снимаат своите дела.
Хотелот е всушност и наменет како специјално место на кое ќе се собираат и ќе творат светските музичари, а при тоа ќе ги добијат сите услови и побарувања кои ги имаат.
Секако, хотелот е отворен и за секој посетител кој може да си го дозволи својот престој во овој навистина посебен музички хотел во кој ќе заборавите на светот однадвор и ќе се препуштите во музичкото уживање.