Најромантичните дестинации во светот за запросување
Јасно ни е дека кога сте заљубени потполно неважно ви е каде се наоѓате, бидејќи од сите луѓе и места на светот постоите само вие. Но, некои места се такви што со својата магија ќе ги зголемат емоциите, ќе ја разбудат романтиката и на вашата љубов ќе и дадат нова димензија.
Запросувањето е интимен момент, а доколку сте доволно среќни да отпатувате на некоја од овие дестинации тогаш може само да добиете плус.
Ајфеловата кула во Париз
Има ли поромантично место од Париз? На врвот на кулата, од која се гледа целата убавина, невозможно е а да не почувствувате блага вртоглавица од возбуда. Француско вино, архитектура, јазикот на љубовта...можеби звучи како клише, но се уште е неодолива комбинација.
Венеција
Доколку сте љубител на романтичните филмски класици, Венеција е дестинација која не смее да ја заобиколите. Богата е со историја, уметност и гондолите просто ги повикуваат љубовниците да се заколнат во вечната љубов.
Фонтаната ди Треви во Рим
Една од најубавите фонтани во светот, на која доминира скулптурата на Нептун, моќниот владетел на морето, го претставува срцето на Рим. По прошетката низ прекрасните историски богатства, застанете и направете пауза покрај оваа фонтана и одземете и го здивот на вашата сакана.
Нијагарините водопади во Онтарио
Има нешто магично во самиот поглед кон овие водопади, нивната сила, големина и раскошност. Егзотични се и оригинални, па затоа се и романтични, посебно кога се наоѓате на местото на кое поминуваат 168.000 метри вода во минута. Доколку вашиот сакан е љубител на природата, големи се шансите ова да е местото каде ќе го кажете најромантичното “да”.
Лондонското око
На висина од 135 метри ќе го доживеете ова кралство на сосема поинаков начин. Овде ќе бидете изненадени од сите знаменитости кои ќе може да ги погледнете, а можеби и од дијамантски прстен кој ќе ви ја запечати љубовната судбина. Направете модерен чекор, инспириран од традицијата.
Плажата Маја на Тајланд
Рајот на земјата се наоѓа на местото каде песокот со бела боја се спојува со тиркизните бранови. Спојот на луксузот и дивата природа се наоѓа на Тајланд, а по многумина плажата Маја е една од најромантичните.
Палатата Монако
Синоним за гламур и престиж, Монако палатата е место на кое без сомневање ќе се сретнете со светскиот џет сет и модерната уметност. Јахти од соништата, тиркизна вода, луксузен шампањ и неверојатната природа се само дел од она во кое можете да уживате ако решите да ја побарате вашата понежна половина за сопруга.
Која е вашата омилена локација за запросување? Дали е локацијата пресудна?