Ѕидот на солзите - планината Waialeale на Хаваите
Waialeale е планина / вулкан на Хаваите кој се протега на висина од 1569 метри. На Хавајски јазик ова означува „вода која се бранува“.
Со повеќе од 11.500 mm дождови годишно и со рекордни 17.300 mm забележани во 1982 година, врвот на овој вулкан е еден од највлажните места на Земјата. Токму заради обилните дождови, едниот дел од планината е наречен „Ѕидот на солзите“. Овде има бројни водопади кои ја надополнуваат оваа слика.
Единствен начин на кој туристите уживаат во оваа фантастична глетка е со хеликоптер. А, дури и така, мали се шансите да ги видите водопадите затоа што планината најчесто е замотана во густи слоеви облаци.
На самиот врв, сместена е пустелија. Овде има многу малку билки и дрва затоа што ретки се растенијата кои поднесуваат толкава количина на дождови.
Облаците и маглата се причина плус и не дозволуваат сончевата светлина да допре до врвот на планината.