Хотел со 5 ѕвезди во кој никогаш никој не преспал
Хотелот Northern Crown, со своите 247 соби, предвиден бил да биде една од главните туристички дестинации во Санкт Петерсбург.
Иако изградбата била започната уште во 1988 година, хотелот никогаш не бил довршен.
Работите биле прекинати во 1995 година откако биле завршени 90% од хотелот. Банката која го помагала финансирањето навлегла во проблеми и по некоја година проектот е потполно напуштен.
Хотелот со 5 ѕвезди на брегот на реката Карповки, се простира на 50 илјади метри квадратни, а требал да содржи 5 ресторани, 6 барови, спортски комплекс, базени и подземен паркинг.
Хотелот наскоро се очекува да биде срушен, а на негово место да се изгради голем станбен комплекс.