Доминикана - егзотика која ги храни вашите сетила

Самото име на оваа карипска земја ја буди фантазијата. Популарно наречената Доминикана е рај за сите сетила. Препознатлива е по коктелите во кокос, лежалките  од мрежи, бисерно белите плажи и кристално чистата вода.

dominikana-egzotika-koja-gi-hrani-vasite-setila-01

Бока Чика е наречена најубавата плажа која се наоѓа на Карибите. Во нејзините провидни води се надзираат шарени корали и разновиден подводен свет. Освен опуштањето, на овие плажи може да испробате и голем број на активности и екстремни спортови на вода, а во текот на вечерта проводот на оваа плажа е незаборавен и проследен со брз ритам.

dominikana-egzotika-koja-gi-hrani-vasite-setila-03

dominikana-egzotika-koja-gi-hrani-vasite-setila-04

Пунта Кана е исто така прекрасна плажа која се наоѓа на источниот брег на Доминиканската Република. Долга е 32 километри, а на неа излегуваат едни од најлуксузните одмаралишта во овој регион.

Погледот кон водената бесконечност и едрилиците кои пловат во далечината ви го создаваат идеалниот летен поглед. Покрај тоа, ако решите да уживате во еден од многуте барови и ресторани на оваа плажа, ќе може да вкусите коктел директно од кокос или пак локални специјалитети на лист од банана.

dominikana-egzotika-koja-gi-hrani-vasite-setila-02

dominikana-egzotika-koja-gi-hrani-vasite-setila-06

Кога месечината ќе го замени сонцето, од многубројните барови во Санта Доминго допираат звуци на локалниот ритам. Санто Доминго е градот кој задолжително мора да го посетите доколку ја имате можноста. Всушност, само тој може да го долови духот на егзотичната Доминикана во само една ноќ.

dominikana-egzotika-koja-gi-hrani-vasite-setila-07

dominikana-egzotika-koja-gi-hrani-vasite-setila-05

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg