Како да ја избегнете гужвата на аеродром?

Долги редици и чекање по неколку часа, па кога ќе се качите во авион сте повеќе нервозни, отколку подготвени за пат и одмор. Затоа, кога следен пат ќе патувате обидете се да ги избегнете нервозите и незгодите.

kako-da-ja-izbegnete-guzvata-na-aerodrom-01

Следете ги овие неколку совети и забрзајте ја целата процедура.

Проверете го летот - Звучи премногу очигледно, но нема да ви пречи ако го проверите вашиот лет 24 часа пред тргнување. Проверете и пред да го оставите багажот. Сигурноста е првиот клуч на смиреното патување.

Проверете ги документите - Пред да ви ги побараат документите, проверете ги самите уште еднаш. Погрижете се сè што треба да предадете да ви стои во еден плик или пак во посебен паричник.

Измерете се - Спасете се од непотребните трошоци и направете го ова уште пред да излезете од дома. Измерете го вашиот багаж и погрижете се да си оставите 2 до 3 килограми простор до максимумот.

Подгответе се за обезбедувањето - Пред да поминете низ сигурносната врата, погрижете да испразните од себе сè што е метално. Не ги задржувајте другите патници зад вас, а вие ослободете се од стресот дали во последен момент ќе треба да ги соблекувате чевлите или ременот.

Спакувајте мала торба со неопходните нешта - Подгответе се како што треба, бидејќи без разлика колку и да е краток или долг летот, не можете да претпоставите во какви ситуации може да се најдете. Марамиците, слушалките, неколку списанија или книгата може да ви завршат голема работа, посебно ако патувате во одреден период од денот кога не можете да заспиете.

Никогаш не бидете последни во редот - Чувството на немир го имате посебно кога пристигнувате или се качувате во авион последни. Подобро е да почекате, отколку постојано да мислите дали ќе стигнете на време. Тогаш гужвата ќе ви се чини неподнослива!

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg