Што ако го изгубите багажот за време на патувањето?
Кога патувате со авион треба да бидете подготвени на ризикот дека можете да ја изгубите вашата торба за патување. Затоа кога ќе се пакувате обидете се сите најважни работи да ги спакувате со вас во рачниот багаж. Во него ставете ги сите лични документи, резервна облека, долна облека, четка за заби и лекови.
Никогаш не ги заборавајте следниве нешта кои многу може да ви помогнат при ваква незгода.
Вашата торба треба да биде поинаква
Никако не смеете да заборавите да го обележете вашиот куфр со име и презиме, адреса и број на телефон. За да можете даго забележите полесно при земањето, залепете некоја впечатлива налепница или детаљ. Така ќе ја намалите шансата некој друг да го замени со својот.
Добро проверете по туѓите раце
Можеби ненамерно, без и тој да забележи, го земал вашиот багаж, па затоа проверете ги сите кои се во близина. Доколку е искрена грешка, никој нема да ви замери, напротив, ќе ви биде благодарен. Иако вистинска реткост е вака да го пронајдете својот загубен багаж, вреди "да ги отворите четири очи" и да ја испробате својата среќа.
Немојте да заборавите на патничко осигурување
Пред да тргнете на пат, немојте да заборавите на патно осигурување кое го покрива губењето на патната торба. Ако купувате облека од новата земја осигурувањето ќе ја покрие, па затоа препорачливо е да ја чувате со другите документи, во рачниот багаж.
Ако не се појави вашата торба на траката за багаж, не паничете и одете во одделот за загубен багаж и пријавете. Потоа ќе може да почне потрагата.
Ако сте патувале со повеќе авиони, прво дознајте кој е одговорен за вашиот багаж. Побарајте формулар каде што ќе можете да го опишете вашиот багаж, оставете го вашиот мобилен телефон и адреса каде ќе можат да ве пронајдат.
Следен чекор е да се јавите во осигурителното друштво и да им ја објасните ситуацијата, а ако авионската компанија одбие да превеземе одговорност, побарајте го тоа писмено. Така полесно ќе ја поднесете пријавата во својата осигурителна компанија.
По 45 дена багажот се смета за изгубен
Ако вашиот багаж не пристигнал по неколку дена, поднесете барање за надоместок на штетата и приложете ги сите сметки за трошоци кои сте ги имале во текот на патувањето, а тоа вклучува основите работи до резервна облека
Ако не се пронајде вашиот багаж во наредните 45 дена, тој официјално ќе се смета за изгубен. Од тој момент вашето барење за надоместок на штетата ќе почне да важи. За износот на надоместок, авионската компанија мора да ве извести со е-маил или писмо на домашната адреса.
Ако сте се нашле во ваква или слична ситуација, споделете го искуството во коментарите.