10 најдобри шопинг дестинации
Ако се двоумите во кој град да одите на шопинг ова лето, најпрво разгледајте ги топ 10те дестинации за шопинг во светот. Секоја од овие има капацитет да ги задоволи најразличните желби на купувачите, па затоа никогаш нема да погрешите ако ги посетите.
На првото место за шопинг е Њујорк, кој е познат по многубројни продавници од најпознатите врвни дизајнери. Луксузот и елеганцијата се спојуваат во овој светски познат град на модата.
Второто место го зема Токио. Токио има големи трговски центри со забавни паркови од последните технолошки иновации, продавници со екстравагантни модели и ресторани кои го задоволуваат вкусот на многу љубители на храната.
Лондон е на третото место поради огромниот број на продавници кои претставуваат вистинско богатство за љубителите на модата насекаде во светот.
На четвртото место е престолнината на Малезија, Куала Лумпур каде што се наоѓаат три од 10те најголеми трговски центри во светот.
Омилената дестинација на многу туристи во светот - Париз, се најде на петтото место, а на шестото Хонг Конг кој изобилува со евтина облека, но и со продавници за оние со подлабок џеб.
На седмото место се наоѓа Аргентинската престолнина Буенос Аирес, која има разни производи од кожа, но претставува и рај за љубителите на храната и најквалитетните вина.
Виена се наоѓа на осмата позиција бидејќи е позната по престижните продавници и по големите божиќни распродажби. Чести посетители се и љубителите на домашната кујна, особено на десертите по кои Виена е позната.
На деветтото место е најголемиот светски трговски центар Дубаи, а на десеттото е Мадрид кој нуди викенд купување по многу поевтини цени од Лондон.