Прекрасна и уникатна плажа со школки наместо песок
Формирана од милијарда минијатурни школки, оваа прекрасна плажа во Австралија која се наоѓа во регионот Шарк Беј, го носи името “Shell Beach”. Создадена е за дневно уживање, релаксација и набљудување на прекрасното зајдисонце.
Плажата од школки е единствената плажа од овој тип, каде што песокот е заменет со безброј минијатурни оклопи од школки, па можеби токму затоа е вистинска летна атракција.
Некогаш овие школки се наоѓале под водата, но со нејзиното повлекување се формирала уникатна и кристално бела обала.
Се протега на над 100 километри, а прошетката по неа е незаборавно и драматично искуство во кое уживаат илјадници туристи годишно.
Ако на прв поглед помисливте дека ова е бел песок кој се лизга низ прстите, погледнете повторно...