Идеално место за одмор на телото и душата
Една стара напуштена куќа далеку од градската бучава станала луксузно уредено место за уживање и одмор.
Токму во планинските региони на Шпанија се наоѓа оваа малечка куќа одлично осмислена и дизајнирана од шпански архитект. Ѕидовите се направени од камени, огромната врата дава одлична светлина и топлина во просторот, како и големите отворени прозори.
Во ентериерот користени се светли нијанси на дрво и мебел кое што визуелно го проширува просторот.
Дворот има природен базен опколен со камења и трева на која што има многу удобни лежалки создадени за уживање.
Погледнете како изгледа ова магично шпанско место кое што ќе ги опушти сите ваши сетила.