Овде е -50C! Да тркнеме да се освежиме?
Ојмаикон е мало село во североисточна Русија, кое со максимално ниски температури од -71 степен се смета за најладното населено село на планетава.
Местото има прекар „смртоносниот прстен на Сталин“ поради многуте политички бегалци протерани тука по казна, а инаку името на селото значи „несмрзнувачка вода“, наречено поради околниот извор со врела вода.
Просечната температура тука е од -45 до -50 Целзиусови степени. Овде живеат околу 500 жители, а до пред некое време имало само еден хотел без топла вода и надворешен тоалет.
Додека кај нас, и низ светот, училиштата и другите установи се затвораат кога температурите ќе паднат неколку степени под нулата, тоа во Ојмаикон не се случува додека таа не падне под -52 степени.
Да тркнеме да се освежиме малку?