5 работи кои мора да ги спакувате за на одмор
Навистина е тешко да спакувате се што ви е потребно, а да не заборавите нешто. Затоа ви нудиме мала помош во пакување на неопходните нешта за заштита и удобност на вашето патување.
Покрај многуте фустани, костими за капење и аксесоари во никој случај не заборавајте ги следниве пет практични парчиња:
1. Потпетици со полна пета
Заборавете на тоа дека само згодните девојки во Мајами носат високи потпетици со секси костим за капење. Размислете и вие на таа опција пред да одите до блиската плажа. Би било убаво понекогаш да ги оставите рамните апостолки и да се појавите во малку посекси издание.
2. Лесно парче облека за на плажа
Не секогаш е доволно да носите само бикини. Прикривањето на вашето тело во нешто полупровидно е вистински погодок за разгорување на имагинацијата на машкиот пол.
3. Додатоци за вежбање
Доколку сте тип на девојка која обожува летни спортови, размислете на облеката која ќе ја носите. Најважна е комоцијата, а не стравот од тоа дали костимот ќе се измести и дали ќе покажете нешто повеќе. Кога сте активни на плажа би било прекрасно да одберете поспортски костим кој ќе покрие доволно за да се чуствувате сигурно.
4. Несесер
Несесерот е вистински избор доколку сакате да го заштитите мобилниот телефон од натопување. Во посебен дел на вашата ташна сместете еден несесер во кој ќе складирате телефон, лабело, заштитен фактор и очила.
5. Фактор за заштита од сонце
Последно, но не најмалку важно. Заштитата од сонцето ќе ви обезбеди безгрижен одмор, затоа во никој случај немојте да го исфрлите од куферот.