Совети за паметно пакување

soveti-za-prakticno-pakuvanje-01

Колку пати сте морале да седнете врз куферот и да се препотите додека успеете да го затворите? А колку пати дури откако сте стигнале на одмор сте сфатиле дека сте понеле премногу работи што не може да се комбинираат?

Следете ги овие совети за и ова лето залудно да не тегнете тежок куфер полн со распар облека.

1. Колку да спакувате

- Запомнете ja eдноставната формула за паметно пакување: за секој долен дел понесете три горни. Поверојатно е дека не ви пречи да ги облечете истите панталони или сукњи по неколку пати, па за секое вакво парче изберете три можни комбинации. За просечен одмор доволни се едни долги и едни кратки панталони со по три варијанти на маички или кошули и еден фустан. Изберете го она во што се чувствувате најдобро за да не го вратите необлечено.

soveti-za-prakticno-pakuvanje-1

- Доволни ви се едни патики, едни ниски сандали/апостолки и едни штикли/поелегантни чевли. Две пакувате, а со едни патувате.

- Внимателно изберете ги комбинациите на бои и не пакувајте обувки и ташни што не одговараат со облеката што ќе ја понесете.

- Не заборавајте да ги искомбинирате и работите што ги носите за секој случај. Ако залади нема да ви се најде џемпер што никогаш не би го облекле со фустанот што го спакувавте.


2. Што да спакувате

- Изберете облека што може да се носи во различни ситуации. Летото е идеално за тоа -  долгите сукњи, фустани и туники од лесни материјали може да се носат и на плажа и на ноќни забави. Понесете маички што ќе ги искомбинирате и со сукња и со шорцеви и со панталони/фармерки.

- Наместо неколку фустанчиња, понесете само едно или две и надоместете ја разноликоста со детали како накит и марами.

- Најважно е да понесете облека што не се пегла и бои или материјали на кои флеките не се познаваат и/или лесно се отстрануваат.


3. Како да пакувате

- Наместо вообичаеното диплење, пробајте да ја мотате облеката во ролни.

soveti-za-prakticno-pakuvanje-3

- Облеката од понежни материјали виткајте ја од внатрешната страна заедно со друго парче.

- Чевлите ставете ги први во делот кај тркалцата на куферот. Наполнете ги со ќесички накит или чорапи за да заштедите место.

- Над нив наредете ги другите потешки работи како полните несесери. Вака добивате стабилен куфер што нема да мора да го држите секогаш кога ќе подзастанете.

- Ако пакувате каиши испружете ги по крајот на куферот, вака зафаќаат помалку место.

soveti-za-prakticno-pakuvanje-4

- Најситните нешта оставете ги за на крај и со нив само пополнувајте ги празнините, ќошињата и џебовите на куферот.

- Потрудете се да оставите барем малку место во случај да си купите нешто што ќе треба да се спакува на враќање.


4. Не заборавајте!

- Направете си список од најважните нешта, како и од ситниците што инаку ќе треба да ги купувате таму, па проверете дали сте ги спакувале:

* Неопходните нешта како пасошот, парите/картичките, билетите и потврдата за платена резервација, очилата или леќите, апчиња за главоболка и дијареа...

* Она што сакате да го носите, а не може да го купите таму: апарат, камера, полнач за телефон и фен. Не заборавајте да земете батерии.

* Несесер: четка и паста за заби, стик/дезодоранс, ханзапласт, чешел.

soveti-za-prakticno-pakuvanje-5

* Во ташната со која ќе патувате ставете ги антибактериските марамчиња, очилата за сонце, лабело и лосион со заштитен фактор, мапа или водич за местото што го посетувате, како и точната адреса каде ќе престојувате.

* Задолжително понесете си нешто за грицкање и пиење за да се освежите по пат и не заборавајте да си земете книга.

Би можело да ве интересира:

Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg