Фантастични хотели кои го одземаат здивот

fantasticni-hoteli-koi-go-odzemaat-zdivot-povekjeЗа оние кои се плашат од височина, овие хотели на прв поглед нема да бидат воопшто интересни, но сигурни сме дека откако ќе ги погледнат подобро...


...ќе го сменат мислењето.

Невозможно е да не признаеме дека овие хотели навистина го одземаат здивот, иако некои од нив се речиси на непристапни места.

Погледнете:

1. Rockhouse Hotel (Негрил, Јамајка). Сместен е на непристапна карпа во Негрил, а може да уживате на бројните лежалки или во специјалната соба за масажа.

fantasticni-hoteli-koi-go-odzemaat-zdivot-1


2. Gaia Hotel и резерват (Мануел Антонио, Костарика).
Луксузниот хотел е сместен во природен резерват и над него има густа дождовна шума. Погледот е спектакуларен, а посетителите би требале да дојдат подготвени да играат голф на одличните терени или да пешачат на шумските патеки како од бајките.


3. The Ritz Carlton (Half Moon Bay, Калифорнија).
Сместен е на најстрашната карпа во Калифорнија. Едно од најлуксузните и најромантичните одморалишта на светот, но не и за плашливи личности. Освен што на патот од аеродромот до хотелот ве чека возење по остри кривини, по доаѓањето ќе можете да уживате во погледот на океанот од раб на провалија.

fantasticni-hoteli-koi-go-odzemaat-zdivot-2


4. Joule (Далас, Тексас).
Ова е еден од најлуксузните хотели во Далас, познат и по базенот кој и пркоси на гравитацијата и чие дно гледа на главната улица. Посетителите пливаат додека меѓу нив и дното стои буквално само стаклениот ѕид.

fantasticni-hoteli-koi-go-odzemaat-zdivot-3


5. Monterey Plaza Hotel & Spa (Монтереј, Калифорнија).
Изграден е со столбовите во вода. Погледот на заливот е најдобар од џакузито на врвот на хотелот.

fantasticni-hoteli-koi-go-odzemaat-zdivot-4


6. Trapp Family Lodge (Stowe & Smugglers' Notch, Вермонт).
Вилата која дава чувство како да пловите над облаците.

fantasticni-hoteli-koi-go-odzemaat-zdivot-5


7. Hotel La Mariposa (Мануел Антонио, Костарика).
Хотелот со преубав базен со поглед кон Тихиот Океан.

fantasticni-hoteli-koi-go-odzemaat-zdivot-6


8. Caves (Негрил, Јамајка).
Ова е едно од најнеобичните одморалишта во Јамајка, заради рустичниот луксуз и карпите. По стрмни скалила можете да дојдете од фоајето до работ на провалијата, а голем број авантуристи ова го користат како скокалница во кристално чистата вода.

fantasticni-hoteli-koi-go-odzemaat-zdivot-7

Би можело да ве интересира:

Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
6 блиски бич барови во Грција за еден ден или викенд на море Најубавиот бич бар е во околината на Неа Ираклиа, пракрасен бич бар со палми и б...
Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Неколку причини зошто да го посетите Бледското Езеро во Словенија Во средината на езерото е сместена црквата „Успение на Богородица“ каде посетите...
Плажи на Кипар што вреди да се посетат (и што треба да знаете за нив) Кои се најпосетените плажи на Кипар, а за кои малкумина знаат? Во продолжение из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg