Скриено парче рај во Хрватска – остров без автомобили, со бујна природа (фото)
Автомобилите се забранети, а природата е неверојатна - како изгледа ова мало парче рај на Земјата, кое се наоѓа во Хрватска?
На архипелагот Задар во Хрватска, се наоѓа мало островче кое се протега на само 15 километри квадратни, а се нарекува Силба.
Ова мало парче рај на Земјата е измислено за оние кои сакаат вистински одмор, спокој и природни убавини.
Најинтересно за овој остров е тоа што нема автомобили, бидејќи има забрана за нивно возење.
До Силба може да се стигне со брз воз или траект од Задар, што ќе ве остави во истоименото гратче, кое има околу 150 жители, а во лето бројката расте до околу 6.000.
Туристите може да посетат неколку плажи на островот, да го истражуваат шармантното рибарско гратче и да се искачат на 13-метарската кула Торето, со прекрасен поглед кон Јадранското Море.
Погледнете повеќе фотографии од овој рај на Земјата:
https://www.instagram.com/p/C9FMSuJtABU/