Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите)

Замокот Единбург, Шкотска

Замокот Единбург е древна тврдина која се наоѓа на рид во престолнината на Шкотска.

Стар е повеќе од 1.000 години и од безбедна тврдина, станал туристичка атракција, а денес се смета и за национален споменик на Шведска.

Секако, толку стар замок сигурно има и по некоја морничава приказна, а од една од поинтересните е инспирирана и традиција.

Од 1800-тите години, секој ден во точно еден часот попладне во замокот се пука од топ. А, според легендите, пред да се испука топот, може да се слушне некаква музика која доаѓа од внатрешноста.

Некои посетители, пак, велат дека покрај чудните звуци, во замокот имало и необјасниво постудени места, па низ годините тој стана популарна дестинација за „ловци на духови“.

Интересно е и што некои вработени во замокот тврдат дека гледале некакви сенки, па и предмети кои се движат сами.

Замокот Малборк, Полска

Овој замок се смета за најголема готска тврдина во Европа. Како со секој голем замок, и Малборк сведочел на разни битки, убиства, измачувања…

А, низ годините се јавиле и бројни легенди кои се пренесуваат со генерации.

Можеби најинтересна е приказната за витезите духови кои според некои до денес трчаат низ замокот.

Дури и луѓе кои не веруваат во духови, имаат изјавено дека во замокот не се чувствувале пријатно и мислат дека слушале чудни гласови, но и забележувале дека на многу места сијалиците трепкаат.

Замокот Орава, Словачка

Навидум, замокот Орава е како од бајка – поставен е високо над реката Орава и опкружен е со многу зеленило.

Но, секако, овде се и морничавите приказни за градбата.

Многу луѓе тврдат дека гледале духови, слушале необјасниви звуци, па дури и дека имале средби со морничави натприродни појави.

Морничавите приказни за замокот станаа уште популарни во 1920-тите благодарение на хорор-филмот Nosferatu чија приказна е инспирирана од романот Дракула.

Во филмот, злобниот вампир живее токму во овој замок.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Топ 8 европски дестинации, за патувачи кои ја сакаат зимата, а не скијаат Зимско бегство во Златибор, или уживање во луксуз во Цермат, Швајцарија, но и во...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
8 најубави патувања со воз низ планини - глетки од кои застанува здивот Glacier Express во Швајцарија патува по планински премини и притоа пом...
7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...
Празничната магија во Стразбур и еден од најстарите новогодишни базари, низ објективот на инстаграмџ... Не залудно Стразбур е нарекуван „престолнината на Божиќ“ – овде ќе го видите нај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg