9 најтопли европски дестинации што може да ги посетите и во зима

Алгарве, Португалија: Просечна температура е 16 степени

Јужниот брег на Европа е едно од најтоплите места на континентот во зимските месеци, а Португалија е една од најпопуларните дестинации.

Можете да уживате во прошетки без метеж, во пријатна клима, а ако сакате да се сончате, тогаш најдобро е да заминете во април.

10-najtopli-evropski-destinacii-shto-mozhe-da-gi-posetite-i-vo-zima-06.jpg

Крит, Грција: Просечна температура е 14 степени

Крит е најјужниот грчки остров, па затоа е едно од најтоплите места во Европа во зима.

Зимските месеци се идеални за посета ако сте од оние што сакаат да ги посетат историските локалитети без метеж и турканици.

10-najtopli-evropski-destinacii-shto-mozhe-da-gi-posetite-i-vo-zima-07.jpg

Палермо, Италија: Просечна температура е 15 степени

Сицилија, заедно со Малта, е една од најтоплите дестинации во Европа за посета во зима.

Локалните пазари, фасцинантните историски места и значително помалиот број туристи се она што го прават Палермо привлечен и во јануари или февруари.

10-najtopli-evropski-destinacii-shto-mozhe-da-gi-posetite-i-vo-zima-08.jpg

Ница, Франција: Просечна температура е 14 степени

Југот на Франција важи за мошне скапа туристичка дестинација, но во зимските месеци, цените се значително попристапни.

Во јануари климата е блага, не е премногу топло, па можете да уживате во прошетките и да го истражите и овој дел од Европа кој во текот на летните месеци за многумина е недостапен.

10-najtopli-evropski-destinacii-shto-mozhe-da-gi-posetite-i-vo-zima-09.jpg

Сплит, Хрватска: Просечна температура е 12 степени

Во последните години речиси сите се жалат за преголемата гужва од туристи во Хрватска.

Благата клима во зимските месеци е идеална за да го истражите Сплит и неговата фасцинантна архитектура без да чекате долги редици и да се туркате со големиот број посетители.

10-najtopli-evropski-destinacii-shto-mozhe-da-gi-posetite-i-vo-zima-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм



Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg