6 светски градови со плажи

6-svetski-gradovi-so-plazi-povekjeЛадно е, но вистинските зимски денови се уште не почнале. Кога веќе мораме да носиме дебели јакни, чизми и џемпери кога сме надвор, додека...


...сме пред компјутер можеме да размислуваме за убави и топли места.

Ви ги претставуваме некои од најубавите градови кои имаат и најубави плажи. Уживајте!

1. Барселона, Шпанија. Избор од безброј архитектонски чуда, специфична кујна и богат ноќен живот...но, тоа не е сè. Белата песочна плажа долга 1,6km на која можат да се изнајмат лежалки, чадори или само да се ужива во крајбрежните ресторани и кафулиња, е само уште еден голем плус на овој град.

6-svetski-gradovi-so-plazi-1

2. Кејп Таун, Јужна Африка. Лежи на топлиот Индиски Океан и има повеќе од 20 плажи. Клифтон плажата е позната по отмените куќи и ѕвездените залези на сонцето, но и освежителното планинско ветре. Северните предели се познати кај сурферите.

6-svetski-gradovi-so-plazi-2

3. Хонолулу, Хаваи. Плажата Ваикики денес е под опсада од хотелиерите. Долгите плажи се идеални за почетниците во сурфање, иако повеќето туристи уживаат лежејќи на песокот.

6-svetski-gradovi-so-plazi-3

4. Ница, Франција. Има 35 плажи, од кои некои се приватни некои јавни. Иако со камчиња, плажите во Ница имаат посебен шмек, како и самиот град.

6-svetski-gradovi-so-plazi-4

5. Мајами Бич, Флорида. Има 14 километри долга песочна плажа на Атлантикот, одвоена од центарот. Овде уживаат најчесто и холивудските ѕвезди.

6-svetski-gradovi-so-plazi-5

6. Рио Де Жанеиро, Бразил. Копакабана се простира на 40 километри! Градот кој живее за карневалите и згодните девојки на плажите знае како да го користи ова свое богатство.

6-svetski-gradovi-so-plazi-6

Фаворит?

Би можело да ве интересира:

Топ 8 најубави плажи на Пелопонез - со ситен песок и кристално чисто море Освен многуте археолошки пронаоѓалишта, историски знаменитости и атракции кои ну...
Топ 8 европски дестинации, за патувачи кои ја сакаат зимата, а не скијаат Зимско бегство во Златибор, или уживање во луксуз во Цермат, Швајцарија, но и во...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg