Семејство со две деца кампуваше во Маврово: „Преспавме во шатор, нè исплашија овчарски кучиња, но утрото беше магично“

„Радоста на децата кога го поставувавме шаторот беше неизмерна. Нема поубаво чувство од будење во природа, непроценливо е искуството за целото семејство“ – ни раскажува Михал Вит, кој потекнува од Чешка, но живее во Македонија, за кампувањето со неговите сакани во Маврово.

prespavme-vo-shator-vo-mavrovo-so-nashite-kjerkichki-iskustvoto-e-neprocenlivo-01.jpg

Лада и Михал се по потекло од Чешка, но во моментов живеат во Македонија со своите ќеркички, на возраст од 4 и 6 години. Секое слободно време го користат за да уживаат во природните убавини на нашата земја.

За CRNOBELO.com го споделуваат нивното искуство од еднодневнотo кампување со шатор во Маврово:

„Ние сме навистина големи љубители на природата. Правиме сè што е во наша можност за и нашите деца да уживаат во природните убавини. А, нови авантури и искуства се секогаш добредојдени.

Долго време постоеше идејата за кампување за конечно да ја реализираме со помош на нашите пријатели од Планинска куќа Царевец.

Планирањето беше многу едноставно – се договоривме дека Владимир и Соња од Царевец ќе ни овозможат логистичка поддршка и секако помош, доколку се случи нешто непредвидено.“

prespavme-vo-shator-vo-mavrovo-so-nashite-kjerkichki-iskustvoto-e-neprocenlivo04.jpg

И навистина, за сè останато потребно е само волја и желба, а тоа со сигурност не му недостасува на нашето семејство, кое знае како да ужива во природата.

prespavme-vo-shator-vo-mavrovo-so-nashite-kjerkichki-iskustvoto-e-neprocenlivo-03.jpg

semejstvo-so-dve-deca-kampuvashe-vo-mavrovo-prespavme-vo-shator-ne-isplashija-ovcharski-kuchinja-no-utroto-beshe-magichno-07_2.jpg

Денот почна тивко и мирно. Уживавме во тишината околу планинарската колиба, собиравме цвеќиња со децата, правевме засолништа за животни, ја истражувавме природата.

Владимир и Соња ни беа на располагање и ги одговорија сите прашања кои ги имавме со децата, нè запознаа со околината. Попладнето отидовме на мала прошетка по Галички пат.

Времето беше доста променливо – сончево, па облачно, па и по некоја капка дожд над Шара. Пресретнавме неколку групи на овчари со нивните стада и кучињата чувари кои внимателно набљудуваа што се случува наоколу.

prespavme-vo-shator-vo-mavrovo-so-nashite-kjerkichki-iskustvoto-e-neprocenlivo03_1.jpg

prespavme-vo-shator-vo-mavrovo-so-nashite-kjerkichki-iskustvoto-e-neprocenlivo02.jpg

Најважниот дел од денот беше кога почнавме да го поставуваме шаторот. Владимир ја одбра локацијата, а нè обезбеди и со доволно вода и ќебиња, бидејќи прогнозата велеше дека ноќта ќе биде студена.

Децата беа премногу возбудени што ќе имаат можност да преспијат во шатор. Вечеравме и уживавме во мирисот на тревките и цвеќињата околу нас, додека уживавме во зајдисонцето.

prespavme-vo-shator-vo-mavrovo-so-nashite-kjerkichki-iskustvoto-e-neprocenlivo07.jpg

prespavme-vo-shator-vo-mavrovo-so-nashite-kjerkichki-iskustvoto-e-neprocenlivo01_1.jpg

Две од кучињата чувари на овци нè набљудуваа од една височинка, кога одеднаш дојдоа блиску до нас.

Владимир само им шепна „Не сме опасност за вас и вашите овци“ и зачудувачки си заминаа. Децата заспаа навистина брзо, си направивме чај и уживавме во ноќта во природа“.

prespavme-vo-shator-vo-mavrovo-so-nashite-kjerkichki-iskustvoto-e-neprocenlivo05.jpg

semejstvo-so-dve-deca-kampuvashe-vo-mavrovo-prespavme-vo-shator-ne-isplashija-ovcharski-kuchinja-no-utroto-beshe-magichno-07_1.jpg

На прашањето кој беше најдобриот дел од целото искуство и зошто навистина вредеше да се ужива во истото Михал вели:

„Би рекол дека најголемата придобивка од оваа авантура е навистина едноставна – си легнавме навистина рано, што беше одлично после напорна недела.

Околу 6 часот наредното утро сонцето почна да го грее и затоплува шаторот. Два часа подоцна се разбудивме и уживавме во сончевиот ден. А тоа беше навистина прекрасен почеток на денот!“

prespavme-vo-shator-vo-mavrovo-so-nashite-kjerkichki-iskustvoto-e-neprocenlivo09.jpg

prespavme-vo-shator-vo-mavrovo-so-nashite-kjerkichki-iskustvoto-e-neprocenlivo06.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скриено парче рај во Хрватска – остров без автомобили, со бујна природа (фото) Автомобилите се забранети, а природата е недопрена - како изгледа ова мало парче...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Две држави од поранешна Југославија се на листата најубави земји на светот (според туристите) Туристите од цел свет ги избраа 20-те најубави земји. На листата има 3 држави од...
5 најубави кампови на Халкидики, идеални за семеен одмор или летување со друштво Ако досега никогаш не сте летувале во камп, ви препорачуваме 5 кампа кои се наоѓ...
5 кампови во областа Пиериа, најчесто посетувани од Македонците Во кампот Esperides, многу Македонци имаат приколки кои се поставени таму со год...
Подземен град, летање со балон - Зошто треба да ја посетите Кападокија? Кападокија е местото каде што природата и историјата се спојуваат и ги создаваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg