8 најубави плажи на Халкидики (мамат воздишки со кристално чистата вода и златниот песок)
Lagomandra Beach
Lagomandra Beach се наоѓа на само 47 километри од Полигирос, „главниот град“ на Халкидики.
Плажата е во форма на природен амфитеатар со златен песок, нема премногу гужва и е добро одржувана.
Possidi Beach
Possidi Beach се наоѓа на првиот крак од Халкидики. Препознатлива по песочната плажа што го менува обликот и близината на голем број историски споменици, ова е една од најубавите плажи на Халкидики.
Kallithea Beach
Kallithea Beach важи за најдобро организирана и најпопуларна плажа на Халкидики. Благодарение на кристално чистата вода, златниот песок и околното зеленило, ова е една од омилените плажи.
Се наоѓа на првиот крак Касандра.
Karydi Beach
Karydi Beach се наоѓа во заливот Вурвуру во Ситонија, а е препознатлива по убавите пејзажи и белиот песок.
Водата на плажата е речиси проѕирна и заради тоа важи за една од најбезбедните плажи за деца во Грција.
Б. С. Б. | Црнобело