10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023
Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, особено ако не сакате премногу гужва, како на пример ако одите во Дубровник или Сплит. Низ островот можете лесно да се движите со автомобил, но и да стигнете до Венеција за многу кратко време со траект.
По крајот на пандемијата, луѓето сакаат да патуваат и да се чувствуваат слободни, а туристичките агенции и авиокомпаниите имаат многу повеќе работа од порано. Според „Upgradepoints“, бројот на онлајн пребарувања за патувања во Европа е зголемен за 77% во споредба со лани.
Овој американски портал, чија специјалност се туристичките аранжмани, препорачува интересни места низ Европа кои можете да ги посетите ова лето, а вклучуваат градови, плажи, археолошки локалитети и културни центри.
10 препораки што можете да посетите во лето 2023:
Рим и Понца, Италија
Патувањето во Италија можете да го започнете со неколкудневна посета на Рим и неговите знаменитости – Ватикан, Колосеумот, Римскиот Форум, аквадуктите, шпанските скали, плоштадите Навона и Пополо, паркот Боргезе, замокот Д’Анџело.
Патувањето продолжете го до островот Понца, кој е дел од Понцијанските Острови, а подеднакво интересен како Капри или брегот на Амалфи.
Тука може да пливате или нуркате во кристално чистите води, да јадете морска храна и да се сончате до зајдисонце.
Тенерифе, Шпанија
Главниот град на Канарските Острови е најдобро да го посетите на лето, кога температурите се пониски отколку во останатиот дел од Шпанија.
Тенерифе има да понуди многу – прекрасни песочни плажи, посета на вулкани (до кои се стигнува со автомобил или жичница), паркот Анага.
Но, тука се и традиционалната шпанска кујна и сангријата, како национален пијалак.
Котор, Црна Гора
Ако сакате да одите на одмор што ќе биде евтин, а притоа ќе можете да посетите повеќе дестинации одеднаш, изберете го Котор.
Градот е вистински историски храм, со прекрасни градби, тесни улички, пријатна атмосфера, но и прекрасни плажи.
А ако сакате малку повеќе забава, оттука за кратко време ќе стигнете до Будва, Тиват, Херцег Нови, Свети Стефан и ќе можете да го истражувате црногорското крајбрежје.
Веспрем и Будимпешта, Унгарија
Веспрем е избран за еден од трите европски градови на културата за 2023 и се нарекува „Градот на кралиците“.
Во кој дел од летото и да го посетите, ќе затекнете некој музички фестивал, културна манифестација или интересна изложба.
Оттаму, продолжете го патувањето до Будимпешта, кој важи за еден од најубавите европски градови, со многу културно наследство и одличен ноќен живот.
При посетата задолжително пробајте го и познатиот унгарски гулаш.
Истра, Хрватска
Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, особено ако не сакате премногу гужва, како на пример ако одите во Дубровник или Сплит.
Една од најубавите работи поврзани со полуостровот е дека низ него можете лесно да се движите по него со автомобил, но и да стигнете до Венеција, Италија за кратко време со траект.