8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел)
Внимателно проверете ги правилата на хотелот
Многу е важно да бидете свесни за правилата на хотелот за подоцна да не плаќате казна.
Дани вели дека гостите најчесто мораат да платат казна за пушење во соба во којашто е забрането и правење многу врева по одредено време.
Во некои хотели овие казни можат да бидат огромни, па пробајте да ги избегнете.
Не купувајте флаширана вода од хотелот
Доколку водата од чешма не е погодна за пиење, Дани советува да си купите пакет вода од маркет.
Водата во хотелите секогаш е многу поскапа.
Не купувајте храна од ресторанот во хотелот
Неретко рестораните во самите хотели се многу поскапи од околните, а генерално не нудат подобра храна.
Па, освен ако немате друг избор, избегнувајте да јадете во хотелскиот ресторан.
Не фрлајте пари на скапи сувенири
Дани забележала дека луѓето трошат премногу пари на сувенири, особено кога купуваат подароци за некој друг.
А, ова може да биде проблематично ако имате ограничен буџет.
За вашите сакани, сосема доволно е да купите магнет или приврзок за клуч.
Доколку сакате нешто за вас, како спомен од патувањето, Дани советува да купите некоја рачна изработка од локален артист. Според неа, на повеќето популарни туристички дестинации овие сувенири се поуникатни, а и многу поевтини.
Спирова С. | Црнобело