8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел)
Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голема разлика од обичните соби.
Дани Кенсел од САД три години работела во хотел и забележала дека повеќето гости непотребно даваат пари за многу работи.
Дури и оние со однапред испланиран буџет, скоро секогаш трошеле повеќе од потребното.
За Insider, таа открива на што можете да заштедите кога сте на одмор (и престојувате во хотел):
Не вреди да давате пари за полуксузни хотелски соби
Според Дани, во повеќето хотели, луксузните соби не се многу поразлични од обичните.
Освен ако не станува збор за соба со подобар поглед, како кон море, обично луксузните соби се само малку поголеми.
Па, доколку не планирате да минувате многу време во собата, таа советува да не давате многу пари за полуксузна варијанта.
Обрнете внимание на локацијата на хотелот
Факт е дека на популарните туристички дестинации, хотелите кои се наоѓаат во центарот на градот или на поатрактивна локација се поскапи.
Поради ова, многумина настојуваат да изнајмат соба во хотел кој е настрана од центарот на градот.
Но, ова значи дека ќе мора да користите некаков превоз за да стигнете до саканата дестинација. Односно, ќе мора да потрошите повеќе пари за гориво или такси.
Пред да најмите соба во поевтин хотел, Дани советува добро да истражите дали имате барем јавен превоз – кој е многу поевтин – до саканите дестинации, за да се спасите од дополнителни трошоци.
Немојте однапред да купувате продукти за хигиена
Во сите хотели има бесплатни шампони и сапуни, а Дани советува пред да тргнете на патување, да прашате што нуди хотелот во којшто ќе престојувате.
Неретко хотелите нудат и продукти како паста за заби, средство за плакнење уста, па дури и влажни марамчиња. Што значи, некогаш нема потреба да давате пари за овие работи.
Проверете какви штекери се користат во државата во којашто патувате
Во повеќето европски држави, штекерите се исти како и кај нас. Но во некои, како Англија, се различни.
Ова значи дека без соодветен приклучок, нема да можете да ги користите електронските уреди.
Па, направете мало истражување и купете соодветен приклучок со адаптер за да не трошите повеќе пари на патувањето.