„Sahara Resort“ - луксузен бич бар во бохо стил на 30km од Солун (фото)
Будење со утринско кафе и бранови, потоа уживање во некој од специјалитетите на кујната и завршување на денот со освежителен коктел во неверојатна атмосфера под сонцето – звучи примамливо, нели? На само 20 минути возење од Солун се наоѓа еден од најубавите грчки бич барови.
За оние кои сакаат викендите да ги поминат покрај море, а да не возат многу далеку, плажите во околината на Солун се идеални.
Еден од најголемите и најубавите бич барови во Грција е Sahara Resort, лоциран на идилична плажа со ситен, златен песок, на само 20 минути возење од центарот на Солун.
Уреден е во луксузен, уникатен и специфичен бохо стил, атмосферата секогаш е пријатна, а нуди голем избор на пијалаци и кулинарски специјалитети, како и забава за сечиј вкус.
Погледнете повеќе фотки од оваа сончева оаза и испланирајте го следното викенд патување или летување: