10 парчиња облека кои се тешки за комбинирање и можат да го уништат вашиот изглед
Широкиот колан ќе направи вашите колкови да изгледаат пошироко, а изгледа особено лошо ако создава контраст со облеката.
Некои парчиња облека е навистина тешко да се вметнат во комбинација и можат да ви го уништат целиот изглед.
Некогаш ова се парчиња кои сами по себе можат да изгледаат навистина добро, но поради нивната специфичност не изгледаат најдобро во комбинација.
Неколку вакви парчиња облека што е најдобро да ги избегнувате:
Широк колан
Широкиот колан може да ви додаде некој килограм плус, особено ако создава контраст со другата облека.
Затоа, секогаш подобар избор се тесните колани, најдобро со нијанса слична како облеката.
Бели панталони
Белите панталони ве прават визуелно пошироки и се валкаат многу лесно.
Покрај тоа, за да изгледате добро во нив, треба да бидете особено внимателни при изборот на боја на чевли.
Хеланки со животински принтови
Во погрешна комбинација, овие хеланки лесно можат да направат да изгледате „евтино“.
Поради принтот, речиси невозможно е да ги искомбинирате со блуза и чевли.
Покрај тоа, можат да направат вашите нозе и задник да изгледаат пошироко.
Панталони со 3/4 ногавици
Овие панталони прават нозете да изгледаат пократко, но и пошироко.
Покрај тоа, не изгледаат многу добро без разлика дали ќе ги носите со штикли, сандали, балетанки или патики.
Фармерки со многу низок струк
За да изгледате добро во овие фармерки, треба да имате рамен стомак. Всушност, дури и да имате изразени стомачни мускули, овие фармерки ќе направат да изгледате како да имате стомаче.
Покрај тоа, не можете да ги комбинирате со скоро никакви блузи и кошули.