14 модни парчиња облека кои не им стојат добро на повеќето девојки и жени (и зошто)
Облеката со неонска боја речиси секогаш изгледа нападно, а обично им стои добро само на многу млади девојки.
Сите имаме различно тело – некои имаат облини, некои се слабички, некои имаат стомаче, некои имаат поголеми гради…
Поради ова, не можеме да очекуваме секое парче облека да ни стои добро.
Додека постојат парчиња облека кои им стојат добро на скоро сите, без разлика на телото, постојат и парчиња кои им стојат добро на девојки со само одреден тип на тело.
Некогаш, пак, потребен е вистински талент да успеете да вметнете некое парче облека во комбинацијата, без да изгледате смешно или „кич“.
Неколку вакви парчиња во продолжение:
Здолништа со карнери
Поради карнерите, овие здолништа секогаш додаваат некој килограм плус и не им стојат добро на повеќето девојки и жени.
UGG чизми
Иако изгледаат удобно, навистина е тешко да ги вметнете овие чизми во секојдневните комбинации.
Облека со „неонска“ боја
Овие парчиња можат да изгледаат многу нападно и обично им стојат добро само на многу млади девојки.
Секојдневна облека со светкави детали
Додека светкавите фустани, здолништа и корсети можат да бидат одлични за вечерни комбинации, светкавите детали не изгледаат воопшто добро на лежерна облека.
Хеланки со принт како фармерки
Генерално, хеланките се облека за вежбање или за по дома и можат да изгледаат други невкусно, особено ако имате облини.
Па, зошто едноставно да не облечете фармерки?
Влечки со крзно
Слично како UGG чизмите, навистина е тешко да ги вметнете овие влечки во некоја комбинација.
Покрај тоа, крзното лесно се валка, па ќе треба да ги чистите по секое носење.
Кошули со карнери
Како здолништата, и кошулите со карнери можат да ви додадат некој килограм плус.