14 модни парчиња облека кои не им стојат добро на повеќето девојки и жени (и зошто)
Кроп-топ џемпери
Овие џемпери не можете да ги носете во зима бидејќи ќе смрзнете. Не можете да ги носете ни во лето бидејќи ќе ви биде топло.
Покрај тоа, можат да изгледаат чудно и во летни, и во зимски комбинации.
Болеро
Пред неколку години, ова парче облека беше огромен хит. Но, бидејќи е многу кратко, создава нерамнотежа во фигурата.
Секогаш подобар избор се „нормалните“, подолги џемпери и сакоа.
„Крокс“
До пред некоја година беа познати како „најгрдите влечки“, но изминативе година-две „крокс“ влечките станаа многу популарни.
Но, само затоа што се популарни не значи дека изгледаат добро и поверојатно е да изгледате смешно со нив.
Облекување со многу слоеви
Додека слоевитото облекување е идеално за променливо време, не треба ни да претерате.
Потребен е вистински талент за да направите комбинација со многу слоеви која не изгледа нападно.
Патики со огромна платформа
Ако сте слабички и имате слаби нозе, овие патики ќе направат да изгледате асиметрично.
Широк фустан со ластик на половината
Ако имаат облини, овој фустан нема да ги истакне, туку поради кројот може да ви додаде килограм плус.
Фустани со карнери на половината
Овие фустан прават да изгледате визуелно пошироко во областа на колковите, па веројатно нема да ви стојат добро, освен ако имате тело како на супермодел.
Спирова С. | Црнобело