Модниот трик на Јована Јоксимовиќ за гламурозен изглед - веднаш ќе сакате да го ископирате (фото)
Пуфнастите ракави и потполнки на рамениците го ставаат акцентот на горниот дел од телото, а прават половината визуелно да изгледа потесно и повитко - ова е модниот трик што Јована Јоксимовиќ редовно го користи.
Јована Јоксимовиќ е позната како сопруга на српскиот пејач Жељко Јокисмовиќ, но таа гради и сопствена успешна кариера пред малите екрани како телевизиска водителка.
Секогаш префинета и елегантна, Јелена важи за една од најубавите жени на малите екрани во Србија, a од нејзините модни изданија може да се забележи дека се служи со еден едноставен моден трик за секогаш да изгледа гламурозно и елегантно.
Се смета дека потполнките за раменици си заминаа во модната историја уште во 90-тите години, но Јелена докажува дека тоа не е така и дека овој моден детаљ во голема мера може да биде ваш сојузник доколку сакате да изгледате елегантно и витко.
Од фотографиите објавени на нејзиниот профил може да се види дека редовно нејзиниот моден избор вклучува фустани и блузи со пуфнасти ракави или кошули и сакоа со потполнки, со што се нагласува горниот дел од телото, а визуелно половината изгледа повитко и помало.
Фото-докази дека овој моден трик може да функционира и да го пробате и вие:
Б. С. Б. | Црнобело