Свеж изглед за неколку минути
За убавина е потребно голема желба и малку труд. На топлото време треба особено да внимаваме на својот изглед кој треба секогаш да биде свеж.
Ова се неколку практични и брзи совети:
1. Меки и сјајни за 6 минути. Тајната е во нежен и изедначен изглед и ова е првото нешто кое го забележуваат луѓето. Ставете малку руменило на образите, усните и очите – ова веднаш ќе го подобри впечатокот. Во косата само неколку шнолички и веќе сте свежи и со стил.
2. Поправете ја шминката за 2 минути. Наместо да ставате слоеви и слоеви пудра кои најчесто изгледаат лошо, со малку коректор покријте ги несовршеностите и круговите околу очите. Протапкајте ги со прстите и пуштете да се впие. За крај, поминете го лицето со минерална пудра- тоа ќе биде доволно.
3. Поправете ги веѓите за 1 минута. Тие можеби се чинат како мал детал на лицето, но имаат големо влијание на изгледот. За да бидете сигурни дека се правилни, поставете го моливчето во дијагонала со веѓите и исчупајте се што е над и под нив.
4. Бујна коса за 1 минута. Мислите дека бујната коса бара многу труд? Сето ова може да се постигне за минута. Свртете ја главата надолу и масирајте го коренот на косата. Исправете си и со шноли зафатете ја косата позади ушите.
5. Совршени усни за 2 минути. Горниот дел од усните исцртајте го со моливче за усни со месо боја, а долниот со сјај. Притиснете ги усните една од друга и ќе ја добиете посакуваната природна боја.