Кроп-топ маички, проѕирни фустани - Најсмелите труднички комбинации на познатите дами (фото)
-->
Проѕирна облека, кроп-топ маички, тесни и гламурозни фустани – познатите дами можат да бидат вистинска модна инспирација за бремените жени, но некогаш и не толку практичен и соодветен пример.
Кога станува збор за стилот на познатите жени во текот на нивната бременост, Ријана дефинитивно привлече најмногу внимание.
-->
Со смелите комбинации, 33-годишната пејачка докажува дека кроп-топ маичките и разголениот стомак им стојат одлично на трудниците.
Покрај Ријана, и многу други познати дами се појавиле во впечатливи комбинации во текот на бременоста.
-->
-->
Најсмелите и најдобрите труднички комбинации на познатите дами:
Кејт Хадсон со кроп-топ што го открива стомачето на Филмскиот фестивал во Венеција во 2003 година
-->
Раперката M.I.A. во проѕирен фустан со детали со точки на стомакот и градите, во комбинација со удобни бели патики на Греми наградите во 2009 година
Ким Кардашијан во легендарниот фустан со цветен дезен на Мет галата во 2013 година
-->
Блејк Лајвли во елегантно издание со долг пастелен фустан со длабоко деколте на настан во 2014 година
Уште една комбинација на Ким Кардашијан – проѕирен комбинезон со тантела и долга широка наметка во 2015 година
Кери Вашингтон на Еми наградите во 2015 година со елегантен црн фустан што ѝ стои одлично
Бијонсе доминираше на Греми наградите во 2017 година со светкавиот црвен фустан со длабоко деколте
Впечатливиот стајлинг на Карди Би привлече многу внимание на Мет галата во 2018 година
Уште осум познати дами на следната страница...
Би можело да ве интересира:
6 есенски комбинации на бои со кои нема да погрешите
Сте помислиле ли да комбинирате бургунди со црно или тегет со жолто? Оваа есен е...
Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото)
Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично
Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор
Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз?
Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
6 совети како да носите широки фармерки и панталони, а да не изгледате како вреќа
Кога носите широки панталони или фармерки, важно е да ги комбинирате со тесен то...