Фокус на фризурата и уште 8 тајни за стил од Италијанците
Тие имаат посебен шарм и харизма. Самоуверено флертуваат и знаат како да ги насмеат жените. Плус, секогаш се совршено облечени.
Кога ќе се споменат Италијанците, сигурно веднаш на ум ви доаѓаат мажи со неверојатен шарм и беспрекорен моден стил.
Кои се нивните тајни?
Трикови за стил од Италијанците:
Нивниот стил е „уредно неуреден“
Тие и да минат 4 часа пред огледало подготвувајќи се, сакаат да изгледаат како на себе да го ставиле првото парче што им било префрлено на столот. Прават некој совршен баланс и изгледаат лежерно, но префинето.
Обрнуваат големо внимание на фризурата
Тие користат препарати за коса, па дури и се бојадисуваат. Редовната посета на фризерските салони им е навика.
Не се плашат да користат бои во аутфитите
Не е чудно да видите Италијанец со розов џемпер или со црвени панталони, тие знаат како да износат впечатливи бои.
Задолжителен моден додаток им е марамата на вратот
Марамата ја носат за секоја пригода и во секое годишно време, плус знаат како на совршен начин да ја наместат.
Препознатлив знак им се доброобликуваните веѓи
На овој дел од лицето обрнуваат големо внимание и веѓите секогаш мора да им се совршени. Ги негуваат и користат и чешелче за нив.