Од дизајнерка на детски пижами, до модна икона – Која е Карла Рокмор која ги освои социјалните мрежи со уникатниот стил?
За неа велат дека е Кери Бредшо на ТикТок. Која е 54-годишната Карла Рокмор која стана позната на социјалните мрежи со нејзините уникатни и впечатливи модни комбинации?
Карла Рокмор од Далас, Тексас, е блогерка и дизајнерка на накит. Таа го направила својот ТикТок профил во април годинава, а досега успеала да собере над 540.000 следбеници.
Со смелите бои, комбинацијата на „несоодветните“ парчиња облека и дизајнерските чевли, таа стана вистински хит на социјалните мрежи.
@carlarockmore Studio 54. Late 70’s. Let’s go. ? ##fashiontiktok ##fashionhacks ##fashion ##fashionadvice ##foryou ##foryoupage ##over50 ##overfiftyfashion ##styletips ##ootd
♬ Hot Stuff - Donna Summer
Карла има 54 години, а за својот стил во интервју за Vogue магазин ќе каже:
„Мојот стил дефинитивно е разновиден и разнообразен. Една работа што е постојана е мојата потреба да совладувам предизвици во аутфитот и да комбинирам парчиња што не би сметале дека можат да бидат соодветни заедно. Тоа е она што прави еден изглед да биде интересен“.
@carlarockmore Two essential sandals I CANNOT live without. ❤️? ##over50 ##fashion ##fashiontiktok ##fashionadvice ##overfiftyfashion ##foryou ##foryoupage ##styletip
♬ original sound - Carla Rockmore
Карла често објавува идеи од нејзиниот гардеробер, што зафаќа два ката и внатре има камин и скали.
Како што вели во интервју за voyagedallas, таа досега работела како дизајнерка на пижами за деца во Пакистан, дизајнерка на детски маички во Амстердам, изработувала џемпери во Хонгконг, фармерки во Лос Анџелес, како и аксесоари од синџири и циркони во Торнто.
Пред осум години, со сопругот и со децата се преселиле во Далас, каде ѝ било мошне тешко поради недостатокот од фабрики од текстилната индустрија.
За време на карантинот и светската пандемија таа одлучила проба да работи како инфлуенсер.
„Јас бев тука, затворена во карантин со огромен гардеробер што го насобирав во последните 35 години, полн со дизајнерски асесоари, винтиџ облека и наоди од пазар. Не сум моден сноб. Ценам и собирам сè што е убаво и богатството е богатство без разлика од каде е купено.
Имав Ајфон и имав идеја како да ги насмеам луѓето во тие тешки времиња. Така, прво почнав да објавувам видеа на YouTube и направив профил на Инстаграм“ – раскажува таа.
@carlarockmore Part 2 of my closet tour! PS: I used to live in an apartment about this size. ? ##closettour ##fashion ##foryou ##styletip ##fashionadvice ##foryoupage
♬ original sound - Carla Rockmore
Според неа, најубавиот дел од нејзината работа е тоа што дава услуги со насмевка на лицето.
Што се однесува до нејзината посветеност со којашто го гради својот стил, таа вели дека е подготвена да го пропатува целиот свет за да најде одреден камен и да пропатува до други делови од светот за да создаде ново парче облека со одреден уметник.
Вели дека за неа било ризик кога го објавила првото видео, но знаела дека има надеж.
„Ако не го објавите, никогаш нема да знаете што би можеле да направите. Тоа е полошо отколку никогаш да не преземете ризик“ – вели таа.